Ученичкиот и студенскиот дом во Охрид ќе се пренаменат во центри за изолација

Епидемиолошката состојба во охридско-струшкиот регион е доста сложена,загрижувачка и крајно неповолна.Огромен е бројот на граѓани кои секојдневно се тестираат и се ковид позитивни. Капцитетите во болниците се преоптеретени,велат од Центарот за јавно здравје. Hi

Доколку заразата земе уште поголем замав, граѓаните стравуваат дека здравствените установи не ќе можат да се справат со болеста.Бараат наместо да се полнат само болниците,за хоспитализирање на заразените да се оспособат хотелските капацитети кои одмна не функционираат. Од Центарот за јавно здравје велат дека оваа опција се разгледувала во повеќе наврати од почетокот на пандемијата,но  таква одлука велат не можеме да донесеме сами, а во овој момент за таков чекор  немаме никаква логистика.

Сите опции се разгледувани и тогаш а и сега се разгледуваат.За таква можност навистина не можеме на локално ниво тоа да го одлучиме и решиме,но кризниот штаб дава сигнали,дава препораки и барања до Националниот кризен штаб за можноста тоа да се направи.Но секако дека и во тие алтернативни капацитети треба да се направат соодвени услови за тоа-рече Сашо Точко-дир.на Центар за Јавно здравје.

Општинскиот кризен штаб  во месец март изготви оперативен план кој предвидува доколку се зголеми бројот на заразени, двата објекти,ученичкиот дом ‘’ Ванчо Питошески”  со 38 соби и студенскиот дом со околку 30 соби да се пренаменат во објекти за изолација и карантин.Но градоначалникот Георгиески смета дека најпрвин треба да се исполат болничките капацитети до последен кревет.

Мислам дека прво ќе треба да се испонат сите болнички капацитети па да пристапиме кон реализација на оперативниот план кој што ги израборивме во месец март за ангажирање на други капацитети-рече Константин Георгиески-градоначалник на Охрид.

И од охридската општа болница велат дека иако пренамета на објекти не е едноставна опција, но сепак е актуелна.Таму ковид пациентите се хоспитализираат на инфективното, интереното одделние во делот од хуруршките амбуланти, на геријатрија и од неодама ослободен е и одделот за неуропсихијатерија а пациетите кои се таму се лекуваат, се преместени на урологија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста