Уапсено едно лице на Деве Баир, приложилo фалсификувани документи

На 20.09.2020 во 18.50 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(51) од Р.Албанија бидејќи при увид и контрола во албанска патна исправа било констатирано дека некои од оригиналните страници биле отстранети, а на нивно место биле вметнати други фалсификувани страни. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста