Тетовски автобуси наместо да превезуваат патници, од јануари стојат паркирани

Наместо да превезуваат патници, автобусите за јавен превоз веќе пет месеци стојат паркирани во дворот на пожарната во Тетово.Во јануари годинава помпезно беа промовирани и најавено дека за брзо ќе почнат да сообраќаат,но,остана само на тоа.Градоначалничката неколку пати досега, прашана кога ќе профункционира јавниот превоз, секогаш со ист одговор, дека ќе било наскоро.

Се одвиваа уште некои консултации, значи очекуваме, нашиот план е да во најбрз момент почнеме со тоа – вели Теута Арифи-градоначалник на Тетово.

Надлежните тврдеа дека направиле анализи и стратегии,на кој начин ќе функционира јавниот превоз-прашање кое е доста комплицирано,со оглед на хаотичната сообраќајна инфраструктура во градот.А токму поради ова, експерите не се баш оптимисти дека превозот ќе биде ефикасен и добро организиран.

Прилично ми е несериозно да велите дека сте подготвени, а немате веб страна, преку која граѓаните би се информирале,за линиите, за цените,возен ред. Менталитетот го знаеме каков ни е, ние сме навикнати на автомобил.Ќе мора и таму да се дејствува, скептицизмот веројатно е од тоа што се гледа на терен, лично мое мислење е дека не се пристапува баш правилно. – изјава- Зоран Ѓорѓески-професор по стручни сообраќајни предмети.

Воведувањето на јавен превоз во Тетово се чека со години. Сега и автобусите,купени со позајмен кредит од над 700 илјади евра, чекаат паркирани. За почеток е планирано да се превезуваат патници само по главните булевари,но,и ова,се чини им е тешко на надлежните, да го организираат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста