Термини за ковид тестирање на државна сметка нема, граѓаните приморани да се тестираат приватно

Само околу 30 проценти од тестирањата на дневно ниво ги прави државата, останатите 70 а некогаш и повеќе, пациентите си ги плаќаат од џеб приватно. Зошто е тешко да се дојде до државен тест, нема ли доволно? Првиот човек на ЦЈЗ за Алфа признава дека е престрога анкетата за да ви дозволат државно тестирање поради разни злоупотреби. Уверува дека тестови има.  

И ова што го тестираме сега не е доволно. Треба повеќе. Идеата на алгоритамот е да се тестираат стварно тие што имаат потреба. И да им се најде место. Има правила и индикации кој треба да се тестира а кој не.Честопати се злоупотребува тоа си измислуваат симптоми само да се дојде до тест преку ред само за да се избегне плаќањето.” – вели -р Александар Стојанов – директор на ЦЈЗ Скопје. 

Следи грип и настинки…Стојанов бара помош и од останатите здравствени инстиуции.

Сега имаме 13 лабаратории коишто прават тестови. Мене ме чуди лично зошто Институтот за микробиологија зошто не ни се уклучи во борбата и да ни помогнат.Moжностите се тие…толку ни се капацитетите.изјави доктор Стојанов.

Матичните лекари, долг период мака мачат со закажување на тестирања на државно, тие бараат да се отворат повеќе термини и алармираат на повеќе нелогичности со алгоритмот, кој одлучува кој, кога и дали воопшто ќе се тестира.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста