Таткото на убиената Вања тврди дека не познава никој од осомничените, бара да излезе од Шутка

Таткото на убиената Вања тврди дека не познава никој од осомничените, бара да излезе од Шутка

Tаткото на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска, Александар денеска пред Апелациониот суд побара да му се укине мерката притвор и да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост. Тој  е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето.

„Јас не разбирам. Не ги познавам“, беа единствените зборови на осомничениот Александар Ѓорчевски.

тој и неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ поднеле жалба на одлуката на кривичниот совет да му биде продолжен притворот, па сега второстепниот суд одлучува по нивната жалба.

Адвокатот Туфегџиќ тврдеше дека Александар,  бил неправедно обвинет и дека јавниот обвинител му нема предочено ниту еден доказ, врз основа на којшто ја темели одлуката за осомничениот татко.

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи, која го застапува Обвинителството во оваа фаза пред судот рече дека треба да се одбие жалбата, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, а секако и поради мотивот за кое е сторено кривичното дело, изнуда на пари, односно користољубие.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста