Од фабриката за електрични автомобили во Тетово се уште ништо- Владата одобрила анекс на договорот

Од фабриката за електрични автомобили во Тетово се уште ништо- Владата одобрила анекс на договорот

Македонските граѓани веројатно ќе треба да почекаат на отворањето на фабриката за електрични возила во Тетово, која помпезно беше најавена во август 2022-ра година.  Според изјавите на владините претставници, градежните работи требаше да  почнат за шест до осум недели, но и една ипол година се уште нема ништо на терен. 

Како што објавува, Блумберг Адриа, Владата предводена од Ковачевски, пред заминување на една од последните седници  дала согласност  ТИРЗ да потпише анекс на договорот, за доделување државна помош склучен со инвеститорот „Нексте“.

Што предвидува анексот, колку пари државна помош ќе добие компанијата, колку пари се досега доделени и кога треба да почне изградбата на фабриката . Од ТИРЗ одговориле дека анексот е од технички карактер и тврдат дека досега државата нема исплатено ниту денар на инвеститорот, но нема прецизен одговор кога ќе се почне со изградба.

-Пред се направени се прилагодувања на роковите, за поднесување барања за исплата од страна на инвеститорот, велат од дирекцијата во однос на анексот.

 Првично беше најавено дека производството на автомобили во Тетово, треба да стартува во последниот квартал од 2024-та година. На прашањето дали ќе биде запазен овој рок од дирекцијата само велат дека приоритет е брз почеток на работите.

 Инаку, за овој проект предвидена е државна помош за инвеститорите од цели 45 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста