Арсовска го тера вториот дел од мандатот, а граѓаните не видоа ништо од ветувањето за бесплатен јавен превоз

Арсовска го тера вториот дел од мандатот, а граѓаните не видоа ништо од ветувањето за бесплатен јавен превоз

Наместо  ефикасен и бесплатен јавен превоз што ќе влијае драстично да се  намали сообраќајниот хаос и загадувањето во Скопје, граѓаните добија тротинети и блокирани клучни крстоносници. Градоначалничката Данела Арсовска го тера вториот дел од мандатот, а наместо подобар превозот е полош – по кавгите со приватните превозници и штрајковите во ЈСП, бројот на автобуси кои сообраќаат е намален, а чекањето на постојките е зголемено.

Граѓаните се разочарани – велат дека се случува да чекаат и по повеќе од еден час, а потоа внатре во автобусите е преполно и нечисто.

„Има луѓе професионалци, што знаат како се управува со градот“, ова беше главната порака на Данела Арсовска во предизборната кампања во која вети набавка на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен превоз за сите.

„Ништо повеќе од шест месеци нема да биде потребно за целиот процес на првата фаза да биде завршена. Во втората фаза веќе преминуваме кон постапките за нови автобуси за она кое што ќе биде неопходно и сега веќе почнавме за она кое што беше ветено во првите 82 дена да се ревидираат линиите кои што се во моментов достапни“, изјави во декември 2021 година, Данела Арсовска.

Кога седна во фотелјата го блокираше започнувањето на реализацијата на Бас рапид транзит системот, или популарно наречениот трамвај на тркала, проект кој не успеа да го започне ни нејзиниот претходник Петре Шилегов.

Во нејзиниот мандат за прв пат во историјата, во два наврати, се случи Скопје да остане без јавен превоз поради штрајковите на приватниците но и на ЈСП.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста