Свадбите ја наполнија тетовската болница,бројот на заразени и хоспитализирани се поголем, расте притисокот врз болницата

Тетово најзабрзано од сите градови влегува во четвртиот бран на корона вирусот.Расте притисокот врз клиничката болница,недостасува персонал,се прави реорганизација.Бројот на активни случаи се приближува до 200,речиси исто колку што има во Скопје На инфективно нема повеќе места, пациенти го полнат и интерното одделение.Се подготвува и модуларната болница,која треба да ги прими првите заразени.Во моментов има 26 хоспитализирани.

  • Само еден не е на кислородна поддршка, останатите сите се.Во однос на вакционалниот статус, четворица се само со една примена доза на вакцина, а еден пациент е комплетно вакциниран-рече Д-р Гзим Нуредини-Ковид центар Тетово.

Состојбата е сериозна,велат лекарите,оти амбуланстките прегледи укажуваат дека бројот на заразени и хоспитализирани се повеќе ќе расте.

  •   Вчера имавме 64 амбулантски прегледи,тоа не сме го имале ниту бранот што беше на есен.Од тие прегледи ние очекуваме, денес или утре да ни бидат голем дел пациенти, навистина е поаларматно во споредба со лани,кога беше поблаго-вели Д-р Гзим Нуредини-Ковид центар Тетово.

Периодов во тетовско врие од свадби и исселеници.Најголем процент од заразените се токму како резултат на семејните прослави. Кластерите се шират, мерките не се почитуваат.  Надлежните пак, засега не размислуваат за воведување дополнителни рестрикции.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста