Кочани е спасен: По непроспиената ноќ и теката битка со пламените јазици, пожарот под контрола

Опожарени возила, куќи, угината стока, пеплосани стотина хектари борова шума, ваков пустош остави огнената стихија што вчера цел ден беснееше над Кочани. Денес кочанчани ги сумираа штетите. Се уште во шок, со солзи во очите раскажуваат за денот кога за влакно им избегаа на пламените јазици

Кочани стана синоним за солидарност. Откако граѓаните увидоа дека институциите се глуви на нивниот лелек за помош, почнаа да се самоорганизирааат. Со метли, лопати, црева и голи раце го гасеа огнот

Револтот кај граѓаните стана уште поголем откако надлежните соопштија дека хелихоптери ќе има, но наредниот ден. Велат ваквите реакции се задоцнети

Некаде пред полноќ за да се ублажи револтот во Тркање пристигна и државниох врв. Пред граѓаните се правдаа дека армиските хелихоптери не можат да летат на плус 40 степени, не се подготвени за ноќни акции, а хелихоптерот бил ангажиран во Старо Нагоричане, така што немало доволно гориво за да полета кон Кочани.

Доцна во ноќта откако стана јасно дека огнената стихија не стивнува на помош на граѓаните и кочанските пожарникари им се приклучија екипи од Виница, Штип, Скопје, Пробиштип, Велес и Берово

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста