Судир во Владата: Министерот Алиу под закана за оставка го уценува Ковачевски

Уште неформирана новата техничка влада, закани за оставки на министрите во Владата на Ковачевски. Министерот за информатичко општество Азир Алиу од Алијанса за Албанците се заканува со оставка ако не помине пакетот закони за јавна администрација, медиуми и дигитализација со европско знаменце во Собранието пред неговото распуштање.

Како што соопштија од кабинетот на министерот за Алфа, причина за заканите е тоа е што СДСМ и ДУИ одбиваат законите да ги стават на собраниска агенда и да го поминат пакетот со европско знаме. Станува збор за закони за реформа на јавната администрација, закони за дигитализација и законот за медиуми.

Тврдат дека Пакетот закони е усогласен со европската агенда бидејќи во речиси сите извештаи на Европската комисија има критики за нефункционалната и тромава македонска администрација. 

Но, дел од пратениците не се согласуваат со министерот Алиу, за што потврди и премиерот Ковачевски. Тој, пак, вели дека министерот вредно работел на реформата во администрацијата и заслужува да го презентира пакетот пред пратениците.

Премиерот Ковачевски наводно во телефонски разговор го уверувал миистерот дека на 30 јануари пакетот закони ќе се најде на сораниската агенда, но Алиу инсистира да му се дадат гаранции уште денеска.

Имено, за намерите на министерот за оставка се заинтересирале и од една странска амбасада на која Алиу отворено им се пожалил дека во СДСМ и ДУИ воопшто не се заинтересирани за евопската агенда на државата туку само се кријат зад неа туркајќи ги личните интереси.

Според последните инфоирмации од кабинетот на министерот и од партиски извори на Алијанса за Албанците, министерот нема одлучено ниту закажана прес конференција на која ќе ги соопшти причините за депонирањето на оставката.

Ова не е првпат Алијанса за Албанците да се заканува дека ќе се откаже од владините фотелји. Исто така и министерот за правда Кренар Лога кој доаѓа од редовите на истата партија, се закануваше со оставка доколку не се изгласаше Законот за амнестија за лесни кривични дела.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста