Судии, обвинители, бизнисмени, 1ТВ беа дел од мрежата – Камчев сведочеше за Рекет

Бизнисменот Орце Камчев ја раскажа целата рекетарска шема како сведок во постапката против Катица Јанева и Бојан Јовановски алијас Боки 13. Сите случаи против бизнисмени што биле отворен во СЈО по законскиот рок, биле поради изнуда тврдеше Камчев. Конкретно за неговиот случај посочи за три средби додека да стигнат до конечната исплата од 1,5 милион евра. Се сретнала со братот на судијката Весна Димишкова, кој како што рече Камчев за одредена сума пари му посочил дека е на посебни истражни мерки. Имал средба и со бизнисменот Ванчо Чифлиганец кој имал за него понуда во име на обвинителката на СЈО Лиле Стефанова. Главната Понуда стигнала од Боки 13 и Катица Јанева. Дека сериозна е намерата за рекетот Камчев сфатил кога му била одбиена гаранцијата од 14 милиони евра за мерката притвор да му се замени со куќен притвор,сакал да ја разоткрие шемата па затоа дал пари.

Камчев посочи дека политичарите биле злоупотребувани од Боки 13, како пример ја спомна вицепремиерката Радмила Шекеринска. Имало средба меѓу Камчев Боки 13 и министерот за здравство реќе сведокот. Рече дека кај премиерот Заев го пријавил случајот за рекетот, откако претходно му го раскажал на поранешниот шеф на УБК Горан Николовски.

Обвинетиот Боки 13 сакаше судењето да го претвори во шоу, па наместо да го прашува сведокот конкретно за случајот, го обвинуваше за шпијунажа која Камчев му ја смислил со странски служби. Боки 13 на обвинителката Рускоска и се обраќаше со „не се дери“, а судијката го потсети повеќе пати да се однесува пристојно во судницата. Јанева за Камчев немаше рпашање. Судењето продолжува следната недела со сведочење на сопругаѕта на Камчев, Ана кој според обвинителството ја платила транша за рекетот од половина милион евра.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста