Заев ги искара ѓорчепетровци оти му ја расипаа најавата за нова сала

Од Бакингемска палата во калливото Ѓорче. Заев сакаше да се пофали дека правеле спортска сала денеска во населбата, но планот му го поматија жителите. Влетаа пред камерите и му порачаа „само се фалите а ни шајка немате заковано!“.

Каде е проширувањето на улиците? Каде се тротоарите? Каде се градниките? Ние во Горно Маало ништо немаме, воопшто не сме задоволни. Сите нешто кажувате, кога и да дојдете кажувате, но ништо немате исполенето, истакнаа граѓаните.

На овие коментари, градоначалникот Наумовски се налути, и со висок тон возврати на повозрасната жена која упорно се бореше да нагласи дека се заборавени од локалните власти. Наумовски не даде објаснување, туку ја обвини минатата власт за нереализираните проекти.

Постојниот проект не беше компатибилен, а проектот е од 2006-2007 година. Треба трпение за да се репроектира, треба тендерирање,желбени постапки…да се обезбедат средства, вели Наумовски.

На прашања на новинарите до каде се градниките, амбулантите, кои се ветени во програмата на СДСМ а веќе доцнат, Наумовски збунет продолжи со префрлање на вината на неговиот претходник и бараше да го пофалат за тоа што веќе го направил односно 30 км на пат.

Овие објаснувања не успеаа да го смират револтот кај огорчените ѓорчепетровци. Упорно бараат одговори зошто немаат канализација за која сами си платиле. Сега се вклучи и премиерот. Се дрзна да ги обвини луѓето дека ја прекинале изјавата како дел од сценарио однапред смислено од некој друг.

Денеска сме дојдени за убава работа, вака изсценирана претстава…само ќе ве упатам кај жената да прашате дали нејзината улица е асфалтирана или не, кажа Заев.

Огорчената жена му одговори дека е пред камерите оти е разочарана од системот, за што не треба никој со сила да биде натеран да реагира.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста