Студентите од медицинскиот факултет во Штип на пракса ќе одат во Аџибадем Систина

Праксата на студентите од медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, до месец мај ќе се одвива во приватната клиника Систина. Поради корона кризата и неможност праксата да се одвива во јавното здравство, клиничката болница во соработка со медицинскиот факултет започнуваат проект „Академска пракса Аџибадем Систина“.

Во моментите кога јавното здравство поради притисокот од ковид кризата не може да обезбеди најсоодветна пракса која им е неопходна на студентите, ние им нудиме можност да бидат дел од активностите на најсовремената приватна болница во земјата, изјави Јордан Камчев, – претседателот на Одборот на директори на КБ „Аџибадем Систина“.

„Тука не гледаме само бели мантили, туку расадник на луѓе кои можат да ги достигнат сите врвови“ – велат специјалистите од Систина кои директно ќе бидат вклучени во практичната настава со студентите. Др. Андреј Петров смета дека ова е голема можност за студентите да го надополнат своето теоретско знаење во современи услови.

Во текот на следните неколку месеци студентите ќе ротираат низ одделите во болницата поделени во групи. За нив, од „Аџибадем Систина“ ќе бидат обезбедени униформи, превоз, храна и целосна заштитна опрема за ковид-19.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста