Стружани на протест – бараат велосипедска патека по бројните несреќи со смртни последици

Смртта на 17-ет годишниот велосипедист Виган Села кој загина во сообраќајка која се случи на регионалниот пат Охрид-Струга, ги извади на улица велосипедистите. Револтирани, тие ја исфиркаа неажурноста на институциите кои не превзеле буквално ништо, иако на  овај патен правец згастанеле 10-ина животи. Велосипедистите на денешниот мирен протест рекоа дека нема да запрат се додека работите не мрднат од мртва точка.

Денес сме собрани да ја искажеме нашата тага за една реалност која доколку не се огласиме може да не чини друг живот.Нашата кауза завршува само кога нашите барања ќе се исполнат, не сакаме празни ветувања – изјави Бетим Ибраими.

Скоро сите кои сме денес тука на овој протест сме имале сообраќајни незгоди и за влакно сме спасиле жива глава, вели триатлонецот Никола Кутаноски, кој овој патен правец го користи како тренинг патека за група деца од 8 до 18 годишна возраст, бидејќи како што вели,нема каде да тренираат.Регионалниот пат кој е потполно небезбеден,го користат и многу рекреативци, не само спортисти.

Не  знам дали има ставено сообраќајни знаци сега во моментов,постоеше еден сообраќаен знак кој што беше на 60 брзина ограничена, меѓутоа таму нема шанси да најдете некој да вози испод 100 .Ево слободно кога ќе одите накај Охрид сега, укучете ги камерите, возете, ако некоја кола помине до Вас да вози ограничено со  60, слободно можете да не исконтактирате сите што сме тука – изјави Никола Кутаноски – тренер на триатлон клуб „Струга“.

Велосипедистите бараат општините Струга,Охрид,Дебрца да одржат состанок со државната Македонија пат со цел итно превземање на следните мерки:проширување на патниот правец Охрид-Струга, изградба на велосипедски патеки и засилено присуство на полицијата, посебно за време на викендите.

Тие најавуваат протести и во Охрид, како и блокирање на спорниот патен правец,се додека не се исполнат нивните барања.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста