Стојановски за Алфа : Пациентите не стигнуваат да се тестираат навреме

Македонската ковид-ситуација полоша од Италија, светскиот просек на смртност го надминуваме за речиси 3 отсто. За само три дена – 45 луѓе ја изгубија битката со вирусот. Загрижува и што најмладиот починат, имал 35 години. Драматичен е и порастот  на ново заразени…безмалку 30 проценти од тестираните. За големата смртност една од причините, според лекарите, е што пациентите не стигнуваат во болница навреме но и чекањето со денови за ковид тест додека пацинетите имаат симптоми. Д-р Синиша Стојановски за Алфа алармира – најлошото допрва доаѓа.

“Треба да се вклучи црвен аларм бидејќи спроедено со останатите земји  имаме навистина алармантна бројка на смртни случаи.Освен бројка не добиваме никаква инфромација дали тоа се пацинети со голем број на коморбидитети или во кој стадиум и фаза се хоспитализирани.Многу често има поплаки за временскиот тајмин за тестирање.Дали алгоритамот кој што е поставен од МЗ треба да се промени, имавме доволно време дали е функционален.Дефинтиивно треба да се скарти тамијнот за тестирање за да имаме пое голема ефикасност.” – вели д-р Стојановски.

Ќе ги има ли тестовите за ковид 19 во аптека, Караџовски со досетка:

“Тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките.“ – изјави Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

За сериозната ковид ситуација во која се наоѓа Македонија, ресорниот министер не се чуствува одговорен. Во меѓувреме, забрзано се пополнуваат и резервните капацитети – модуларната болница се преполнува а сега се планира и дополнително да се стават на располагање болницата Козле и уште две одделенија во болницата 8 септември.

И на Инфективните одделенија ширум државата капацитетите се исполнети.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста