Среде пандемиска и енергетска криза, здравството се распаѓа

Додека земјите од регионот преземаат мерки да го ублажат петтиот ковид бран, македонските здравствени власти ги нема никаде. Лекари со денови предупредуваат дека не очекува бурна ковид зима, но сеуште не се преземаат никакви чекори од надлежните да се ублажи ударот кон здравствениот систем кој следува. Министерот за здравство повеќе од две недели се нема обратено за состојбата со ковид кризата, а нема ниту трага од Комисијата за заразни болести. Последната одлука за корона мерките која беше донесена помеѓу два изборни циклуса не се однесуваше на затегнување, туку на нивно олеснување . Од друга страна, инспекциски контроли речиси и да нема, лекарите не кријат дека ковид мерките не се почитуваат а и не ретко се користат лажни сертификати за влез во угостителски објекти или молови.

„Не применувањето на превентивните мерки малку порано ќе доведе до многу силен ивицијален бран на Ковид, посебно со Делта варијантата, пример кој што го видовме во Словенија, во Хрватска, во Германија па и во Русија, кога практично бројките на новозаразени за 24 часа се дуплираа. Тоа е силен удар за здравствениот систем, да не заборавиме дека здравствените работници се преработени, они се уморни, веќе се на крајот на своите сили“, вели доктор Злате Мехмедовиќ.

Но, не е проблем само менаџирањето со ковид кризата. Во изминативе денови пристигнаа бројни предупредувања дека на здравствениот систем во Македонија му се заканува колапс. За недостатокот на медицински кадар во целата земја предупредија лекари од Охрид.

Ево вечерва јас сум дежурен со пола екипа. Да треба да влезам со една најпроста операција,најсекојдневна како слепо црево, треба да собирам екипа.Од дома да викам болничар и сестра, извините тоа го нема никаде вели Мирко Лекоски-спец.хирург.

Лекари и медицински сестри од Прилеп излегоа на мирен протест  бидејќи со месеци работеле без договори и без никаков надоместок. Болниците од истокот, пак соочени со најавените рестрикции на струја се подготвуваат со агрегати стари и по 20 години. Лекарската комора, пак  испрати аларм дека во услови на пандемија, не треба да се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести.

Во регионот се влошува состојбата со ковид-19. Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, усвои голем број нови рестриктивни мерки кои ќе важат од понеделник: забрана за групирање на членови кои не се од исто семејство, скратување на работата на угостителските објект а гостите ќе смеат да служат само на маси и на соодветно растојание. Во Грција ковид документот, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простории. Во Србија најверојатно е пристигнат делта плус сојот.  Хрватска вчера имаше над 7.000 заразени, а има регистрирани пациенти позитивни на делта плус сојот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста