По Јаховиќ, отпадна и Ракип: Македонија драстично ослабена за завршницата во квалификациите за СП

Македонската фудбалска репрезентација со драстично ослабен состав денеска ги почнува подготовките за последните два меча во квалификациите за пласман на СП во Катар наредната година. Во листата на повредени играчи се приклучија Адис Јаховиќ и Ердал Ракип, а дополнителен повик добија Доријан Бабунски и Енур Тотре. Од претходно поради повреда отпаднаа Аријан Адеми, Бобан Николов и Дени Илиев. Императив за Македонија се две победи, в четврток кај Ерменија и в недела во Скопје со Исланд, но и кикс на Романија, која е пред нас со бод повеќе на посакуваното место кое носи мундијалски бараж. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста