Среде економска криза Шилегов ќе потроши 1,4 милиони евра за кејот 13-ти Ноември

Среде длабока економска криза во која се наоѓа Македонија, градоначалникот Шилегов реши сега да потроши неверојатни 1,5 милиони евра за уредување на кеј 13-ти Ноевмри, на потегот од плоштадот Македонија до хотелот Холидеј ин. Оваа огромна сума треба да се потроши за да се среди пешачкиот дел кој всушност е во должина од само 500-тини метри.

Ќе го уредиме целосно, изгледот ќе го смениме на пешачкиот дел на пешачката патека од хотелот „Холидеј ин“ до плоштад Македонија , целосно нови уредувања, вадење на партерот кој сериозно е девастиран, јас мислам дека таму последната реконстукција е пред повеќе од 25 години. Ќе се уреди со нова опрема, ќе се уреди со ново осветлување, ќе се уреди хортикултурно. Ќе биде во полн сјај, онака како што скопјани заслужуваат вели Шилегов .  

Јавноста реагира дека во вакви тешки времиња трошењето на толкава сума пари само за уредување на една пешачка патека е несериозно и скандалозно. Посебно ако се има  предвид  дека тој дел од кејот 13-ти Ноевмри веќе еднаш е реновиран од градоначалникот Ристо Пенов. Шилегов се правда дека 25 години не е уредувана пешачката патека.   

За градот ова не е единствено опуштање среде пандемија. Пред околу 15-тина дена Град Скопје најави дека за привремени вработувања планира да потроши речиси 60 илјади евра. Трошењето не завршува тука. Неодамна градот распиша оглас со кои планираат да потрошат 60 илјади евра на авионски билети, 32 илјади евра на хотели и такси превоз како и 200 илјади евра за новогодишно украсување.

Граѓаните реагираат дека сомнителни поделби на пари го ситнат градскиот буџет и тој на државата и на општините, во услови на пандемија кога секој денар треба да се штеди за да се зачува здравјето на граѓаните.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста