Спасовски до новинарите: Ако немаше казни за Филипче, Заев и Николовски, ќе прашувавте зошто не се казнети

Зарем личното обезбедување и полицајците во протоколот што го придружуваат премиерот кога се движи не го предупредиле дека мора да носи кацига на мотор? Зошто требаше да поминат неколку дена откако Заев заедно со Филипче и Николовски беше снимен по скопските улици за да бидат казнети? Дали ако немаше снимки ќе поминеа без казни?  Сите дилеми вријат по социјалните мрежи, што е показател дека граѓаните не веруваат во досудената одговорност од по 50 евра по функционер. Првиот полицаец релативизира, па и ги искара новинарите: 

И граѓаните не поверуваа во одговорноста на  премиерот, министерот за здравство и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал во сообраќајот.

Колку за споредба: пред 4 години, во 2016 година, шведската министерка за образование, си поднесе оставка откако полицијата ја застанала и пронашла 0.2 промили алкохол во нејзината крв. Таа тогаш во изјавите за шведските медиуми рекла дека е многу луѓе се разочарани од нејзината постапка а таа сама на себе си е лута и многу се кае. Ако се стремиме кон ЕУ македонските функционери треба да учат од европските лидери.

А наместо тоа видеото на мотори без почитување на сообраќајни правила треба ако е пример за младите особено но и за сите учесници во сообраќајот, тогаш изгледа не треба да почитуваме ништо, по теркот на Заев, Филипче и Николовски. 

Викторија Миткова



КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста