Рафајловски: Досегашната помош за стопанството е промаршена, потребна е сериозна финансиска инекција

Досегашните пакети помош за граѓаните и стопанството дефинитивно се промаршени, зашто ниту еден од досегашните шест сета, не ги дал посакуваните резултати, вели за Алфа економскиот експерт Горан Рафајловски. Според него, и покрај проблемите и критиките за државната помош среде криза, стопанството алармира дека била недоволна. Треба сериозно да им се помогне пред се на малите и средни претпријатија, зашто тие се и најпогодени. Освен за седми, Владата мора итно да размислува и за осми сет на мерки, зашто економската состојба е загрижувачка.

  • Ако не се сеќавате на претходните мерки, толкава била и помошта за стопанството, а таа е катастрофална. Ако има нешто значајно, тоа ќе го запамти и стопанството. Или кратко кажано недоволна и тотално неадекватна, таква е моменталната државна помош. Затоа мора сериозно да се седне и да се размисли како одговорно да се помогне. Ако итно не се помогне на малите и средни претпријатија, уште голем број од нив ќе стават клуч на врата, вели за Алфа економистот Горан Рафајловски.

Бизнисмените алармираат дека бројките се поразителни по сите параметри, иако од власта очекуваат раст на економијата годинава. Нова помош велат мора да има, зашто Владата не покажа сериозност за реална помош на стопанството да застане на нозе.

Инаку, последниот шести пакет на економски мерки тежи 17,8 милиони евра, од кои 9,9 милиони се за угостителството, пари што сопред најпогодените биле недоволни.

И додека власта се фали дека економската состојба била добра, стопантството постојано предупредува дека едвај преживува. Најкритично е во текстилната и кожарската индустрија. Според последните податоци, над 60.000 работници останаа на улица, а стотици бизниси ставија клуч на врата.

Само лани биле затворени речиси 6.000 фирми. За евентуално подобрување на состојбата, според стопанствениците, може да се зборува дури кон крајот на годинава, но под услов да има брза и ефикасна имунизација.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста