Сончево време со умерен до засилен ветер, температурите ќе достигнат до максимални 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи од 23 до 28 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, со температура до 27 степени.

За време на викендов и од понеделник ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе допринесе да има пораст на температурата на воздухот. Утре ќе има зголемување на облачноста со услови за изолирана нестабилност попладне. В понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 80 километри на час) и пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар). Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста