ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не се крие и да каже дали ја прифатил бугарската декларација и поништување на македонскиот јазик, култура и идентитет?

Заев да каже дали прифатил дека македонскиот јазик, кој е уставен јазик во Република Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година? Ова стои во декларацијата на бугарскиот парламент, која се заговара за рамка при преговорите на Македонија со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се посочува дека бугарската декларација предвидува системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови, споменици и плочи.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Заев ја прифатил бугарската декларација која значи поништување на македонскиот идентитет, култура и идентитет?

Дали Заев со прифаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е Бугарин, но и неговите современици од тој период на македонската историја? Заев да излезе и да каже дали го прифаќа клучното барање во таа декларација според која во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Заев да не бега од одговори. Народ мора да знае што преговара Заев во негово име. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести