Собранието блокирано: Села не попушта, власта има мнозинство ама како да го нема

Или прифаќање на барањата на Алијанса за Законот за државјанство или целосна блокада на Собранието. Партијата на Села се заканува дека доколку не постигнат никаков договор на средбата со премиерот Зоран Заев ќе го запрат донесувањето на петтиот пакет на економски мерки неопходни за стопанството во условите кои ги диктира пандемијата.

За владиниот коалиционен партнер ДУИ заканите на Алијанса се доказ за деструктивно однесување во Собранието за кое не добиле доверба од граѓаните. Пратеникот Адеми со контра обвинување дека партијата на Села блокира само кога имаат пратиски интерес за тоа не водејќи сметка за државата.

ВМРО- ДПМНЕ пак ќе го чека исходот од средбата Заев –Села па потоа ќе одлучува дали ќе ги повлече своите амандмани за Законот за државјанство. Првиот човек Мицкоски вчера порача дека законот кој предложен е целосно неприфатлив.

До договор меѓу власта и албанската опозиција , останува да виси одобрувањето на финансиска помош за граѓаните и стопанството.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста