Со новите мерки, ќе се затвораат угостителските објекти, обложувалниците, теретаните

Владата денеска преку прес-конференција одлучи да воведе нови мерки во пресрет на затоплувањето како и големите верски празници.

Официјално денеска е донесена одлука за забрана за движење на сите граѓани од 20 часот па се до 05 часот наутро.

Мерката ќе започне утре и ќе трае до 20 април.

Следната мерка е затворање на кафетериите, кафеаните и угостителските објекти од 7 април до 20 април.

Целосна забрана за работење на фитнес клубовите, обложувалниците, како и забрана за одржување на конференции и обуки.

Милениците ќе може да се изнесат во траење од еден час.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста