Со бришење на „фашистички окупатор“ се брише и АСНОМ

Подоготвува ли власта терен за целосно ревидирање на историјата и погазување на Антифашистичкото движење на Македонија за да ги задоволи бугарските барања? По политичките интервенции на владите во Скопје и Софија за повторно активирање на историската комисија , но и ставовите за амнестирање на фашизмот, историчарите бурно реагираат дека тоа води кон целосна негација на нацијата, јазикот и но и одлуките на АСНОМ кои ги ставија темелите на македонската држава. За професорот по историја Митко Панов е не сфатливо како историчарите си дозволуваат вакви ставови кои се продукт на политички одлуки.

Панов е дециден дека крајната цел на заедничките комисии кои произлегоа од договорите со Грција и Бугарија е преку ревизијата на историјата да се легитимира тврдењето за непостоењето на македонскиот народ и нација, како наводен продукт на фалсификувана историја конструирана во време на Титова Југославија.

За претседателот на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев Бугарија во минатото не била фашистичка држава – можело да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација.

Но не се само ваквите изјави оние кои задираат во посебноста на македонскиот народ – власта предводена од поранешниот премиер Зоран Заев веќе најави дека ќе се брише бугарски фашистички окупатор од учебниците и ќе се градело пријателство со соседите. Бугарските фашисти ќе ги снема и од спомениците, бидејќи така барале бугарите.  Во таа насока поранешните бугарски функционери веќе наавуваа дека ќе влегуваат со тенкови во Македонија ако спомениците сведочеле дека тука пустишела бугарската фашистичка војска.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста