Град Скопје поднесе кривична пријава против Шилегов и Јанчева за незаконската прослава за нова година

Екс-градоначалникот Шилегов и поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, си заработија кривична пријава бидејќи од  касата на скопјани извадиле пари за частење со колегите во скопски ресторан, за новогодишна прослава во 2019.  Актуелното раководство на Скопје ги тужи бидејќи Јанчева спротивно на законот за набавки без јавен повик организирала славење во кафеаната, а Шилегов, и дозволил да се плати сметката. Со ова, тврдат од Град Скопје, се здобиле со имотна корист а нанеле штета на буџетот.

„Во конкретниов случај, станува збор за произволно, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните од страна на Шилегов и Јанчева, кои за свои потреби, а спротивно на закон, искористиле средства од Буџетот на Град Скопје, ни помалку ни повеќе за организирање на предновогодишна забава во кафеана. Особено укажуваме дека Градот Скопје во наведениот период за 2019 година, веќе имал спроведено постапка и доделено договор за јавна набавка на други правни субјекти за угостителски услуги, во кои не спаѓа правниот субјект каде се правеле забави на сметка на граѓаните“ додаде Апостолоски.

Уште тогаш, за незаконитостите алармирал и Секторот за финансиски прашања при Град Скопје кој во службена белешка укажал дека се работи за услуги спротивно на законот, бидејќи Градот немал склучен договор со предметниот правен субјект за јавна набавка во 2019 година. Укажувањето било игнорирано од Шилегов, и свесно дозволил на незаконски начин да се трошат парите на граѓаните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста