Случајот Струмички театар три месеци тапка во место, антикорупционерите не реагираат за поставениот директор – наставник по физичко

Се уште нема разрешница за  случајот Струмички театар кој во јавноста стана синоним за партизација во институциите од културата.  И по три месеци, актертите чекаат антикорупционерите  да се изјаснат за одлуката за генерален директор на НУЦК „Антон Панов„ да се назначи професор по физичка култура. Не добија ниту одговор на писмото кое пред една недела и го доставија на министерката во кое бараат нејзина оставка.

  „Ресорната министерка не ни одговори ништо.Не игнорира!. Државната комисија за спречување на корупција нема официјален одговор до нас. Имаме најви дека се собира документција. Од Управниот суд добивме барање за уредување  на нашата тужба„ –изјави Ванчо Василев, актер во Струмички театар.

 Актерите не отстапуваат од своето барање, министерката да го отповика Бубев и на негово место да се назначи нов директор кој ќе биде со соодветно образование и признанија.  

  „  Се уште немаме заземено конкретен став што точно ке се случува понатаму. Но ако продолжи игорирањето ќе се радикализираме„-изјави Ванчо Василев, актер во Струмички театар.

Струмичките актери влегоа во фокусот откако за генерален директор на Центарот за култура министерката го назначи Васил Бубев, наставник по физичко и поранешен директор на градинка. Актерите незадоволни од таквата одлука  јавно ги презентираа документите од апликацијата на Бубев и оганизираа протести. Иницијативата „Фискултура или култура„  која бара департизација во културните институции е поддржана од над  320 културни работници.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста