Следат избори – Тетово на големо се гради, асфалтира,средува

Предизборна офанзива во Тетово.Локалните власти градат на големо, се асфалтираат патишта, се градат канализации,водоводни мрежи.Но, за нив ова не било темпирано за пред избори,туку процедурите за да стигнеле до оваа фаза биле такви, се правда градоначалничката Теута Арифи.

“Ние целиот мандат, па и предходниот сме го користеле максимално во овие бирократии,затоа што знаеме дека долго траат за да можете да стигнете до финално решение.Две години ни траеше аплицирање, квалификација, сето она за да стигнеме дотука.” – вели Теута Арифи.

Граѓаните со коментар дека сето ова им е добро познато.Ништо не се работи се додека не наближат избори, па и тоа што се прави овој период, е велат, само шминка.

Властите имаат уште некој месец до избори, па веројатно ќе се сетат и на многу други сто пати најавени проекти, но, сеуште незавршени,настрана проблемите со водата, сметот и загадувањето.Меѓу нив се капелата која,иако пуштена пред избори лани, сеуште не профункционира.И улицата Гоце Делчев, која поврзува неколку населби во горниот дел на градот и е една од најоштетените,никако не доаѓа на ред, но, важно Арифи ја среди и асфалтира улицата каде се наоѓа домот на нејзините родители.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста