Костов молчи, МЗ го правда, вработените откриваат нови детали за хаосот во ГОБ „8-ми септември“

Нема крај на проблемите во Градската општа болница „8-ми септември“. Централната клима не функционира на ниту едно одделение, пресоналот и пациентите се жалат дека не се издружува темпертурата во цела болница. Салите на хирургија се за целосно рушење и реновирање, амбулантите на анестезија и траума кои беа тријажен центар се целосно распаднати, болницата е со прозори стари повеќе од триесет години – ова е реалната слика во болницата брифираат за Алфа голем дел од медицинскиот персонал.

“Додека ние гиневме од работа, се реновираше нешто…сега е се амортизирано, досега сме добиле само една јапонска донација. Имаме страшен дефицит на медицински кадар.Ни фалат медицински техничари.Како директор ниту еднаш не излезе да не пофали за се она што издржавме последниве две години. Ни ветуваа со години дека ќе ни ги качат дежурствата и ќе направат терциерно здравство за да можеме да едуцираме. Сега во моментов Тетово и Штип се над нас, административно имаат поголеми плати а нивните пациeнти се препраќаат тука.” – велат вработените во болницата за Алфа.

Директорот на ГОБ „8-ми септември“, Христијан Костов повторно немаше коментар на нашите прашања за хаосот во болницата. Но очигледно го гледал прилогот на Алфа, па во оваа здравствена установа е пуштен во употреба уште еден лифт. Вчера објавивме дека лифтовите во болницата не функционираат и дека со еден лифт се превезуваат пацинтите, медицинските лица и отпадот во употреба уште еден дополнителен лифт.

Од Министерството за здравство уверуваат дека проблемот со лифотвите ќе биде надминат најдоцна до август.

Освен овие проблеми во една од најфрекфрентните болница во државата, не функционира и мамографот. А пацинтите кои се сликаат не рендген не можат да дојдат до слика ниту ЦД– затоа што нема. Вината за аларматната состојба во болницата медицинските лица ја гледаат само во директорот Костов. Но од Министерството го правдаат директорот и ги демантираат информациите на лекарите кои секојдневно се соочуваат со проблемите, велат дека сите апарати за тертман на пацинети, сите амбуланти, операциони сали и оддели се во функција.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста