Сите конци кај Ахмети и ДУИ: Талат Џафери премиер, Артан Груби останува прв вицепремиер

Сите конци кај Ахмети и ДУИ: Талат Џафери премиер, Артан Груби останува прв вицепремиер

ДУИ и официјално ќе бидат главни во македонската Влада. Освен што Талат Џафери ќе биде премиер, а Артан Груби прв вицепремиер ќе ги имаат и сите клучни ресори. Интегративците остануваат да раководат и со надворешни работи, финансии, економија, образование..Според законот за техничка Влада, на најголемата владејачка партија ќе и останат транспорт и врски, земјоделие, одбрана, култура и животна средина.  Внатрешни работи и труд и социјала треба да им припаднат на ВМРО-ДПМНЕ.

За Ковачевски не е нишот спорно што партија со само 13 пратеници ќе шефува во државата.

-Нема импровизации во тој дел, таму е точно наведено, министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика, кои заменици министри стануваат дополнителни. Така да таму е точно наведено, ако почнеме да навлагаме во процеси на импровизирање, тогаш веќе се става дамка на целиот процес, изјави Ковачевски.

Ковачевски за Џафри дознал само 10- ина часа пред одлуката да биде донесена во Мала Речица. Телефонски му ја соопштил лично Али Ахмети.

-Ден пред одржување на седницата на претседателството на ДУИ, јас имав интервју за македонска телевизија, на кое што кажав дека не сме разговарале. Меѓутоа тоа не значи дека после моето интервју не сме разговарале и дента пред да се одржи седницата на претседателство на ДУИ. Што значи дека да, јас со коалиционите партнери имам координација, изјави Ковачевски.

Согласно договореното меѓу Ахмети и Заев пред повеќе од три години, премиерската позиција во оваа Влада ќе ја има ДУИ, исто како и првата вицепремиерска, СДСМ ќе ги има вицепремиерите за економски и европски прашања. Во рацете на Алијанса остануваат здравство, информатичко општество и правда. Локална самоуправа останува во рацете на Ристо Пенов, кој што е Либерално демократската партија, полицијата и труд и социјала треба да бидат во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Пет министерствата ќе бидат во рацете на СДСМ, додека пак четири, но сите и повеќе од атрактивни во рацете на ДУИ.

Од најголемата опозициска партија велат дека изборот на Џафери за премиер, покажува дека СДСМ е малцински коалиционен партнер на ДУИ. Велат Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата, бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија, бидејќи го блокираше законот за македонските бранители. Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, се што тој кажува, премиерот само прифаќа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста