Штрајк на вработените во Македонски пошти поради доцнење на плата и лоши услови за работа

Подобри услови за работа, редовна плата и исплата на К-15 побараа вработените во сите поштенски објекти во земјата.  Македонски пошти. За време на паузата вработените во Македонски пошти ги напуштија работните места, предупредувајќи ги надлежните за како што велат лошата финансиска состојба во која се наоѓа нивната компанија. Револтот, посебно кај поштарите е огромен. Работат без опрема и зиме и лето, алармираат од Самостојниот синдикат

„Комплетно компанијата е во лоша состојба и ние бараме да се подобрат условите за работа. Па конкретно еве да ги спомнеме поштарите, тие немаат опрема за да излезат на терен, условите за работа се лоши во самата подружница, застарена компјутерска опрема„-изјави Драгица Стојанова, од Самостојниот синдикат на МП

И додека за Самостојниот синдикат денешниот собир пред сите подружници во државата е предупредувачки протест, за синдикалната организација е само поддржка на синдикалците кои денес одржаа состанок со директорот на компанијата Јани Макардули

  „Имаме поставено барања и се зависи од тоа како овие барања ќе се реализират. Денеска е состанокот, а ова е наша поддржка за да ни се исполнат нашите барања. Ова не е протест, само поддржка.Но доколку не се исполнат нашите барања ќе се преземат други мерки„-изјави Павле Филипов од Синдикалната организација на АД „Пошта„.

Незадоволните вработени најавија радикализирање на протестите, доколку не се исполнат нивните барања. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста