Случајот Камчев стана меѓународен: Добива ли Македонија црна дамка на патот кон ЕУ?!

Репресијата врз Јордан Камчев, за што веќе подолго време предупредува неговата одбрана, последниов период стана и меѓународна тема, на начин кој директно ја оцрнува Македонија како држава, која сака напредок кон Европската унија. Токму правосудството е една клучните точки кои мораме да ги совладаме доколку сакаме членство во европското семејство.

Но, она што последниов период се говори за Македонија на меѓународната сцена, ниту малку нема да биде од помош на тој пат. Новинарот Чарли Тејлор во еминентниот „The Times of Israel“, објави текст на тема условите во македонското правосудство, повикувајќи се токму на примерот со Камчев.

Пишува дека бизнисменот е притворен во затворот Шутка, кој го карактеризира како озлогласен и ужасен објект. Според Чарли Тејлор, Заев тоа место наводно го користи за свои лични одмазди.

-Условите во Шутка, дури и без сугестија дека Заев го користи за да ги казни своите ривали, се далеку од тоа да бидат во согласност со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR) и Конвенцијата против тортура и други сурови, нехумани или понижувачки постапки или казнување, кое забранува тортура и сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, без исклучок или отстапување. Ако има разлика за некои, притворениците таму се сметаат за веќе обвинети и осудени, изјави Тејлор.

За лошите затворски услови во кои Камчев неосуден и на сам старт на судски процес ја издржува мерката притвор, говореше и поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел. Тој вели дека уште од самото притворање во март, кога Камчев беше оставен без вода пет дена, почнала тортурата врз него. Порача и дека Камчев мора да биде пуштен од затвор бидејќи неговата здравствена состојба е загрижувачка.  

-Мислам дека заслужува еднаков третман, a во врска со здравствената грижа, има јасен извештај од кардиолози од Австрија, Словенија и Македонија за сериозноста на неговата срцева болест. Мислам дека тој заслужува подобри услови бидејќи тој може да умре во притвор и тоа би било скандалозно. Неговиот татко починал од срцев удар на состанок. Овој човек е болен, потребен му е подобар третман, изјави Фигел.

Она што фрла уште поголема дамка на овој случај е што покрај влошената здравствена состојба, Камчев понуди и милионска во евра гаранција за да излезе од Шутка. Но истата беше одбиена, иако праксата кога такви суми се во прашање е речиси секогаш да се прифати барањето на одбраната.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста