ВО МОМЕНТОВ СЕ ИГРААТ ПЕТ СРЕДБИ ОД 10. КОЛО ВО ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

По влажни и тешки терени веќе еден час се игра на пет фудбалски локации во земјава. Станува збор за средби од 10-тото коло во Првата лига во кои водечкиот Шкупи игра кај Тиквеш во Кавадарци, втората Ренова го дочекува Пелистер, а третата Акдемија Пандев во Струмица се соочува со првакот Шкендија. Попладнево и дуели на Струга и Борец и на Брегалница со Македонија Ѓорче Петров. Вчера на отворањето на рундата Скопје го изненади градскиот ривал Работнички со 1-0 и тоа како гостин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста