Новиот Клинички остана само ветување

Ќе ја одложат ли изборите изградбата на новиот Клинички центар? Ќе се удри ли барем камен темелник, или исто како досега, сè ќе остане на зборови и најави? Ваквите прашања неминовно се поставуваат откако истекува и последниот рок што Заев и Филипче си го дадоа за старт на изградбата на нов центар кој треба да никне во Веле поле, во Ѓорче.

Од Министерството за здравство, молк. Нема одговор на прашањата на Алфа, дали техничката влада е пречка за да се удри камен-темелник, дали на сметка „легнале“ пари од најавениот кредит од неколку комерцијални банки, а и до каде е подготовката на теренот. Хронолошки, процесот на планирање за дислокација на центарот доста се развлече.

Минаа речиси две години откако првично министерот Филипче во владиниот прес центар најави дека Клинички ќе се гради на нова локација.

Па следеа низа планови, размислувања за каде да се гради новиот модерен центар и слично. Па по неколку месечното размислување за неколку локации, падна одлука па Ѓорче Петров ја доби битката против Бардовци и Петровец, бидејќи таа општина најбрзо ја обезбедила потребната документација. Мина и цела една и конечно владата излезе со првичен рок, „на есен ќе почне изградбата“. Потоа планот се промени, па рокот за удрирање на камен темелник се стори „до крај на 2019“.

Последниот рок е јануари 2020.

Од нов центар, граѓаните не видоа се уште не видоа ни тула. Но, одамна е позната сумата што државата ќе ја земе на заем, од три комерцијални банки. Половина милијарда евра е основната сума што ќе треба да се врати, каматната стапка не е позната.

Ниту претходната влада, онаа на ВМРО-ДПМНЕ, не успеа да изгради нов клинички центар. Но, тогаш предвидената сума за ваква намена изнесуваше околу 120 милиони евра, колку што за изградбарта на нов клинички предвиде таа власт, парите потребни за реализација на проектот ќе чини и до четири пати повеќе.

Сања Трајковска Ставров 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста