Шекеринска стана оружје на Бугарите- нејзиниот дедо се борел „ocлoбoдyвaњe и обединување на Македонија кон Бугарија“?

Радмила Шекеринска најново оружје на Бугарија во битката против Македонија. Нејзиниот дедо се борел за „ослободување на Македонија и присоединување кон мајка Бугарија“, пишува на Твитер бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Тој ова тврдење го поткрепува приложувајќи копија од архивски документ, во кој може да се прочита барање за кое тврди дека е од бабата на Шекеринска, Радка Александрова Шекеринова.

-Ова е писмо испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министерката за одбрана на Македонија, до директорот на одделението за пензиите, со кое моли за помош. Забележете за што се борел нејзиниот покоен сопруг: „За ослободување и обединување на Македонија кон мајка Бугарија“, пишува Џамбаски.

Во дописот до бугарската фашистичка администрација, бабата на Шекеринска го замолува директорот да и одобри „една скромна пензија“, за да може да ги одгледува трите малолетни деца. Пензијата ја бара во чест на нејзиниот покоен сопруг, Александар Поп Христов Шекеринов од Штип. Во писмото за кое Џамбаски пишува дека е од бабата на Шекеринска, таа својот сопруг го опишува како „деец и активен член во движењето за ослободување на Македонија кон мајка Бугарија“. Барањето е испратено на 22 јануари 1943 година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста