Утринската температура од минус 2 до 5, дневната од 11 до 19 степени

Во земјава претпладне по котлините и долж.

Повардарието ќе има магла и ниска облачност. Од пладневните часови претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје, претпладне магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе ослабе. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините и сончево особено на планините. Ќе биде претежно тивко и без поголеми промени на температурата. Во петок попладне претежно во западните делови ќе има краткотрајно наоблачување и услови за слаб локален дожд.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста