Сериозни и жестоки критки за македонските власти од Европската Унија

Сериозни и жестоки критки за македонските власти од Европската Унија

Донесените измени во кривичниот законик, честата злоупотреба на европското знаменце, катастрофалната состојба во судството – причини за сериозни критики за македонските власти од европските претставници. Среде Скопје еврокомесарот за правда порача дека не случајно прво се отвора а последно се затвора поглавјето Темели во кое влегува владеење на правото.

  • Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка“, изјави Дидие Рејндерс – Еврокомесар за правда .

Еврокомесарот порача дека поблагите казни за функционери кои не го почитувале законот, ќе бидат дебата и дебата на билатерално ниво.  

Критики за ниската доверба на граѓните во правосудниот систем имаше и од шпанската министерка за правда, Мариа Пилар Лоп Куенка. Според неа кога граѓаните не веруваат во институциите, не се чуствуваат заштитени а државата мора да им стави до знаење дека системот постои да им ги реши проблемите.

  • Обуката на судиите и јавните обвинители, транспарентноста, нивниот капацитет, но најважно е да имаме добро обучени судии, непристрасни, политички необоени, тоа ја зголемува довербата. Одговорноста и дисциплинските мерки, етиката е многу битна а се применува кај овие лица кои ја спроведуваат правдата“ рече Мариа Пилар Лоп Куенка – Министерка за правда на Кралството Шпанија.

Сите забелешки кои повеќе од очигледно не ветуваат добри препораки за Македонија, ќе бидат објавени во извештајот следниот месец рече еврокомесарот за правда, каде ќе се најдат како што рече и забеелешките за работата на судовите, одржувањата на судењата, Судскиот совет кој подлежеше на две оценски мисии токму на ова тело на Европската Унија.

Еврокомесарот и шпанската министерка за правда беа дел од министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи. Денеска се дебатираше на темите  „Владеење на правото и судски реформи“ и „Напредок во заедничките активности во врска со руската воена агресија врз Украина“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста