Се санираат последиците од силното невреме кое предизвика пополави низ улиците во Битола

Жителите на долниот дел од Битола, со децении не паметат такво невреме како синоќа, проследено со силен ветер и големи врнежи на дожд од кои се поплавија улиците. Канализациската мрежа која не можеше да ги прифати овие катастрофални води, започна да ги исфрла во визбите, куќите, дуќани, а многу коли пливаа во надојдените суводолици. Најмногу настрадаа населбите `Карпош“, “Јени Мале“, “Триаголник“, “Ушици“ и дел од “Баир“. За само 15 минути наврнаа 36 литри дожд на м2, а за целиод ден 54 литри или споредено со Прилеп, таму наврнаа само 12 литри. Денеска, екипата на АЛФА посети неколку локации, а некои семејства силно настрадаа.

  • Семејството Марковски на улица “Ѓорче Петров“ бр. 39 во Битола кои синоќа настрадаа од поплавите, сега се во очај бидејќи огромните штети веќе скоро и да ги оставија бе зсемеен дом, без бела техника и без мебел.

Како ќе се справува семејството Марковски со последиците од поплавата, барем засега не знаат.

  • Од канализацијата излегуваше вода и преку портата цела вода влезе во дворот. Јави се ваму, јави се таму, јави се онаму, дури дојдоа за саар и пол се наполна и почна да влегува дома- рече домакинот Тони Марковски.- Цела ноќ вадевме вода со кофи и сега електроника немаме ништо, креветите се до пола водени и с`е е водено. Ако може државата нешто да ни поможи- рече сопругата Даниела.

Штетите се направија и во други куќи, дуќани, згради, визби, но и многу возила.

  • Цело беше под вода, дури ни влезе и во зградата. Па, со кофи црпевме и празневме- рече Фидан Шириовски од наслебата “Карпош“.- беше страшно и вода имаше до пола од машините и се гледа до каде што се гумите. Се направи голема штета, треба допрва да видиме- рече Пеце Јончевски, сопственик на сервис за пневматици.- Појќе од пола метро имаше вода, онаму беше до скала, а колат допрва ќе ја сушам- рече Мирко смилевски од “јени Мале“.

Синоќа, заседаваше и Општинскиот кризен штаб, а екипи на јавните претпријатија со пумпи и друга опрема, се обидао да помогнат.

  • Се работеше во текот на целата ноќ на расчистување кај критичните точки и терени, меѓутоа она што ќе следува во текот на денот е дорасчистување и дезинфекција, што е исклучително значајно во овие околности во кои с енаоѓаме- рече битолската градоначалничка Наташа Петровска.

Од утре, на јавен повик од Општината, граѓаните ќе ги пријавуваат штетите и ќе се врши проценка. Сепак, прв приоритет ќе биде заштитата од инфекции заради излевањето на фекалната канализација на многу улици, во дворови и визби. ЈП “Комуналец“ ќе врши дезинфекција на улиците, а од ЦЈЗ ги повикуваат граѓаните, механички да ги исчистат дворовите и визбите од нечистотијата и да ги истретираат со дезифициенси. За среќа, нема загадување на водата во градскиот водовод.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста