Се празнува Божиќ!; МПЦ: Да не отстапиме, од своите духовни, национални, историски и културни посебности

Христос се роди-Навистина се роди!

„Христос се роди, навистина се роди “ –  овие зборови утрово одекнаа во храмовите . Православните верници си го честитаа најголемиот христијански пазник  Божиќ.

Христијанските православни верници го прословуваат Христовото рождество-Божиќ. Утрово низ храмовите во целата држава се служеше литургија и причест.

Граѓаните палеа свеќи со желби за здравје во семејството и бериќет во домот- и што побрзо да заврши пандемијата со Ковид -19.  Главното чествување се одржа во Соборниот храм од каде, освен Божиќното послание со желби за мир, Македонската православна црква повика на внимателност при решавањето на историските прашања и отстапките кои ги бара источниот сосед од Македонија.

Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци – рече Отец Сашо.

Божиќ е празник на најголема радост – се посетуваат храмовите, со молба кон Бога за здравје и бериќет. Денот верниците го минуваат со најблиските, на богата трпеза во домот на постарите, каде децата и внуците доаѓаат да посакаат среќа и радост во текот на целата година. Но  годинава, како и минатата пошироките семејни собири се чини ќе изостанат, поради пандемијата и заштита на најблиските, особено постарите  од ковид-19.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста