Се празнува Божиќ, Архиепископот Стефан: Пандемијата ни докажа колку човекот е немоќен, луѓето заборавија да веруваат во Бога

„Христос се роди, навистина се роди “ –  овие зборови утрово одекнаа во храмовите . Православните верници си го честитаа најголемиот христијански празник – Божиќ. Христијаните палеа свеќи со желби за здравје во семејството и и бериќет во домот- претходната година да не се повтори.

Главното чествување се одржа во Соборниот храм од каде, преку Божиќно послание, архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан на верниците им порача да се сакаат еден со друг, а оваа година да биде победа над злото и непријателството и време кога ќе заврши страдањето од подмолната болест.

Верниците кои дојдоа во Соборниот храм  во најголем дел се придржуваа до мерките за заштита од Ковид 19. Но имаше и верници  кои без  никаква заштита на лицето ја слушаа богослужбата.

Во храмовите се служеше Златоустовата литургија, верниците кои се придржувале кон божиќните пости, денеска се причестуваа. Од црквата се убедени дека причеста од една лажичка не може да биде извор на зараза.

Да живееме  поспокојно,со меѓусебна љубов и разбирање, посакуваат верниците.. Божиќ е празник на најголема радост – се посетуваат храмовите, со молба кон Бога за здравје и бериќет. Денот го минуваат со најблиските, на богата трпеза во домот на постарите, каде децата и внуците доаѓаат да посакаат среќа и радост во текот на целата година. Но  годинава пошироките семејни собири се чини ќе изостанат, поради пандемијата и заштита на најблиските, особено постарите  од опасниот вирус.

Викторија Миткова

Поврзани вести