Се полни сандачето на Филипче

Заврши периодот на тешење дека ситуацијата е под контрола.  На површина испливаа сите проблеми со кои се соочуваат здравствените работници-кои се клучна алатка во справувањето со ковидот. Последно писмо до министерот Филипче испратија специјализантите.  Во него наведуваат дека тие се веќе вклучени во лекувањето – ротираат во своите матични установи и во Ковид центрите или Брза помош низ државата, но немаат здравствено осигурување и дежурствата не им се платени.

  • Но, јавноста треба да знае дека најголем дел од приватните специјализанти НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и ДЕЖУРСТВАТА НЕ ИМ СЕ ПЛАТЕНИ. За овој проблем имавме повеќе состаноци и Ви беше јасно ставено до знаење дека нивното дополнително ангажирање во ковид центри е во најмала рака нехумано-пишуваат Здружение на лекари специјализанти.

Дополнително, тие велат дека имало случаи на специјализанти кои се заразиле на работно место, а лекувањето си го платиле од џеб.  Хоспитализацијата им била невозможна мисија бидејќи чинела многу. Но, не само ова, приватните специјализанти работатат и како матични лекари и водат Ковид19 пациенти, па прашуваат каде и на кои пациенти треба попрво да им помогнат? Во текот на 9 месеци пандемија, велат Филипче имал време да ги реши проблемите и да направи идеална организација на кадарот и со тоа секој доктор согласно својата специјалност и способност да биде најкорисен.

  • Наместо тоа, добиваме итна мобилизација, со многу стрес, хаотичност, нејасни и недоискажани услови за работење, а веќе сите сме преморени. Јавно го прашуваме Министерот, дали и понатаму вака ќе се грижите за Вашите доктори, за нивното здравје и добросостојбата на нивните семејства?-пишуваат Здружение на лекари специјализанти.

Предходно отворено писмо до министерот испратија и Лекарите од Клиниката за неврологија со порака дека немаат услови дабидат ковид центар. Гласот го кренаа и педијатрите во детската болница „Козле“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста