Рочиште за „Софтвери“: Презентирана Вибер комуникација – „Гледајте да утнете и да се убијам“, им пишал Рашковски на обвинетите

ВИБЕР КОМУНИКАЦИИ:

Даниел Станчев: „Нова аудиобомба за Рашковски_потивко-не смееме да разговараме со Рашковски“

Перо 078 : „Чувај ја таа кај тебе. Како доказен материјал“

Ирена 070 :

Даниел Станчев : „Кој е крив, Рашко е крив. Во пензија е Б.Ц., треба нов“

Перо 078: „Перо е крив“

Даниел Санчев враќа: „Да аплицираме со Инвока и ФИНГИ, така? Нема измени?“

Перо 078: „Па може“

Даниел Станчев: „И да нè зборат, ќе нè зборат за пари, не дека сме се по***ле“.

Перо 078: „Тешко ќе ја направат спојката. Трајче ќе го јаде. Трајче и Перо“

Ова се само дел од пораките што ги презентираше Обвинителството за да му докаже на судот дека екс владиниот генерален секретар и остантите 6-мина обвинети преку незаконита постапка набавиле софтвер за сообраќајни прекршоци. Рашковски преку севдонимот „Перо 078“ на платформата „Вибер“ на 5-ти јули 2019 година се допишувал со Даниел Станчев од „Ивока Груп“ и Ирена Ивановска.  

ВИБЕР КОМУНИКАЦИИ :

Даниел Станчев: „До утре е евалуација. До 10ч“

 Перо 078: „Аха“

Станчев: „Подобар ли Дамјан“

 Перо 078: „Да. Утре ќе е наддавањето. Немој да утнете. 15 поени имате само“

Ирена Ивановска: Од колку?

Перо 078: Ќе ви стаса маил. Гледајте утнете и да се убијам. И како може некој да има повеќе стартни по..

 Ирена Ивановска: Не знам

 Перо 078: Е па доставиле повеќе потврди. Ќе ви стаса маил за датум.

Во друга комуникација, обвинетите Станчев и Христов се допишуваат за распишана јавна набавка, понудите на тендерот и која колку чинела, а за тоа си споделуваат и фотографии. Станчев е сигурен дека ќе има бодување на понудите или да ќе се исфрлат за неисполнување на условите.

Рашковски по читањето на дел од комуникацијата реагираше дека ова е ворд-документ во кој се напишани пораки и бараше да се види каде е ваквиот документ на оригинално УСБ што го дало МВР од вештачењето на телефоните.

„Да се оди на десен клик на документот и ‘пропертис’ за да видиме кога е креиран, кој го креирал, која е автентичноста и каде што има слика да видиме како е импортирана, од кој извор… Ова е некаква приказна напишана на Ворд”, рече Рашковски.

Читањето на пораките следува како дел од изведувањето на материјалните докази на Обвинителството, што започна денеска откако на минатото рочиште странките дадоа воведни зборови. Според обвинителниот акт во временскиот период од јуни 2017 година до февруари 2021 година, во Генералниот секретаријат на Владата, Рашковски помогнат од второ и трето обвинетите ја злоупотребил својата службена положба при спроведување на четири постапки за јавна набавка за софтвери, а притоа во џеб си ставиле околу 300 илјади евра пари од државниот буџет.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста