Бугарија провоцира, Mакедонија молчи

По низата навреди упатени на македонска адреса и негирањата на македонскиот јазик, не запираат ниту провокациите од Бугарија за кои македонските власти не препознаваат причина за некаква реакција. Колку официјалните македонски власти со смирувачки тонови се додворуваат на бугарските власти за да не се нарушат добрососедските односи, толку повеќе официјална Софија зема за право да реагира секогаш кога ќе проценат дека им биле повредени интересите.

Откако последно беа споделувани видеа со кои се шири тезата дека македонскиот и бугарскиот народ е едно исто, институциите се уште молчат. А истата оваа група која на социјалните мрежи споделуваше видеа дека стои позади герила акциите во Скопје кога на јавни места се лепеа налепници со текст еден народ сме и споени македонско и бугарско знаме, е истата што на денот на чествувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револцинер Гоце Делчев пред неговото вечно почивалиште си бугарски знамиња во раце извикуваа дека нема да дозволат навреда на Бугарите во Македонија.

Македонското МНР не препозна никаква провокација со ваквото однесување, ама затоа остро ги нападна навивачите Комити, откако бугарските власти експресно бараа извнување оценувајќи дека Комитите се однесувале недолично на церемонијата.

Предводникот на групата Виктор Стојанов еден од најголемите пропагандисти за бугарското потекло на Македонија, па на Фејсбук испраќа пораки дека македонскиот јазик бил бугарски.

Министерот за надворешни Османи не се чувствува одговорен ниту за пропагандната програма на бугарската национална телевизија во Македонија, во исто време додека МТВ ниту една минута програма нема емитувано во Бугарија. 

Бугарија го смета за „злонамерна кампања“ и споредувањето на односот на Москва кон Киев и односот на Софија кон Скопје.

Неодамна Бугарите во емисијата „Кој сака да биде Милионер“ поставувајќи прашања за Македонци не нарекуваа северномакедонци.

Ова се само дел од бројните навреди и провокации кои не ги штедат бугарските функционери… Поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов кој својата политичка акриера ја градеше со македонското прашање пред неколку години се закануваше дека ќе испрати тенкови во Македонија за да ги сруши спомен-таблите каде се споменува Бугарскиот фашистички окупатор. И европратеник Ангел Џамбаски најавуваше дека нема да постојат граници меѓу Македонија и Бугарија, па ќе биле отворено од Охрид до Црно Море, оти од двете страни живеела една нација.

За разлика од нашите власти кои никогаш не бараат извинување за ниту една провокација а министерот за надворешни Османи дури и на буграски честиташе ден на Санстефанска Бугарија, од Софија има реакции на највисоко ниво дури и за безначајни и банални работи кои често немаат никаква врска со правата на Бугарите во Македонија.  

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста