Рецесијата продолжува – економијата во првиот квартал во минус од 1,9%

Македонија и натаму во рецесија, пад на економијата од 1,9% за првите три месеци од годинава, потврди државниот завод за статистика. Пропаднаа надежите на бизнисмените дека во првиот квартал ќе бележиме некаков напредок и дека во втората половина од годината веќе земјава ќе бележи раст.

  • Првиот квартал завршил со минус од 1,9%, а во првото тримесечје од годинава, пораст има во градежништвото од 1,7%, дејности со недвижен имот од 0,5% и во земјоделството 0,3%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18,3%, а увозот пораснал за 11,2%. Бруто-инвестициите во првото тримесечје бележат опаѓање во делот на промената на залихите, соопшти статистика.

Негативната стапка на БДП во првиот квартал е последица од третиот бран на пандемијата, проследен со рестриктивни мерки, велат од Институтот за економски истражувања „Фајнанс тинк“.Инвестициите, спроед нив, забележале остар пад од 16,6% што било рефлекција на позначајни потфати.

  • Во вакви околности, исцрпувањето на ефектите од две клучни владини мерки – субвенција за задржување на работните места „14.500 денари по работник“ и еднократната парична помош за ранлиците групи граѓани, ја задржа приватната потрошувачка над нивото од раст од 0,4%. Додека, јавната потрошувачка ја започна консолидацијата по големата експанзија во претходните три квартали во намалување од 2,2%, се наведува во извештајот.

Паралелно, македонската економија има сериозен проблем и со задолженоста која забрзано расте. Јавниот долг изнесува 7,1 милијарди евра и е со тенденција да расте и догодина кога треба да стигне дури 65% од БДП. Колку за споредба, во 2019 година, секој човек бил задолжен за 2.750 евра, што по 15 месеци, задолжувањето се зголемило за дури 800 евра, пари што власта ги троши недомаќински.

Инаку, и минатата година земјава беше во рецесија. 2020 ја завршивме со задолженост од речиси 6,5 милијарди евра или 60,2% од БДП. Но, состојбата почна да се стабилизира во последните три месеци од 2020, кога падот изнесуваше 0,7%. Лани земјава ја заврши со пад на економијата од 4,5%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста