Разрешувања, оставки, политички елиминации – Кои луѓе го напуштија тимот на Заев во изминатите три години?

Ден Дончев е последниот во низата функционери на високи позиции кои изминативе три години од разни причини го напуштиле тимот на Заев.Разрешувања, оставки, смени, местенки, концепциски судири, политички елиминаци. Ова барем според изјавите на засегнатите беа причините поради кои се ситнеше тимот на лидерот на СДСМ и екс премиер. Директорот на фондот за здравство во заминување на почетокот на мај поднесе оставка која владата експресно ја прифати. Сега е актуелен со аферата Диамед и снимките од Јутјуб.

Освен владин Заев се соочи и со внатрепартиски отпор. Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски беше еден од оние кои заедно со Заев го ризикуваа сопствениот живот за време на настаните од 27 Април во собранието. Сепак три години потоа дочека партијата да се оградува од него. Причина кривичната пријава против Димиитриевски за непочитување на здравствените протоколи, на што градоначалникот праша дали е на  повидок нов режим.

“Изјавите дали тоа наликува на режим или слично нема со сигурност да ги спречат институциите да постапуваат и да дејствуваат согласно законите”, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Димитриевски се спротивстави на владините политики и околу договорото со Бугарија и бришењето на сонцето од Кутлеш.

Кулминацијата на несогласувањата релација Ременски – раководство на СДСМ пак се случи откако стана обвинета во случајот Меѓународен сојуз. Поранешната потпретседателка обвини за политички елиминации.

“Факт е дека нарачките за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат. Јас сум сигурна дека изборот на денешниот ден не е случаен имајќипредвид дека политичките амбиции на одредени луѓе се пресилни”, изјави Фросина Ременски.

Меѓу првите кои беа таргет на Заев беше Драган Тевдовски кој раководеше со еден од клучните ресори, министерството за финансии. Заев ја претстави смената  како потреба иако потоа на површина излегоа несогласувањата меѓу двете струи околу прогресивниот данок. Министерот се врати на професорската кариера, иако Заев најави дфека ќе му биде советник.

“Единствената причина е моето влегување во министерството за финансии”, изјави Заев.

Претходно од министерството за финансии замина и еден од главните советници на Тевдовски за даночна политика, Бранимир Јовановиќ.

Доскорешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев по две и пол години го напушти Заев. Рече дека тоа го прави за да му се врати на бизнисот. По половина година се врати како член на советот за фискални мерки за справување со ковид-19.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста