Протоколи има, а смртноста е висока – каде е грешката ?

Продолжува трендот на мал број новозаразени со ковид19, но бројот на смртни случаи и натаму е загрижувачки. На што се должи високата смртност во Македонија, останува непознато затоа што здравствените власти ниту еднаш од почетокот на пандемијата, не направија детална анализа зошто толку пацинети ја губат битката со опасниот вирус. Заменик министерот за здравство Хасани смирува дека наскоро ќе се намали бројот на починати но тоа треба да се очекува во следните недели. Според него, пртоколите за лекување на ковид пацинети не се причина за високата смртност.

За разлика од убедувањата на здравствените власти, пацинетите кои се лекувале во државните ковид центри јавно обелоденија на каков начин биле третирани.Зоран Нацевски од Скопје,ги опиша како што вели пеколните моменти поминати во ковид центарот на Клиниката за ОРЛ.

И покрај тоа што надлежните шират оптимизам бројот на смртни случаи и натаму покажува дека ние сме далеку од крајот на пандемијата. Според анализите, во моментов Македонија е на шестото место во светот според бројот на починати на милион жители.  Само во изминатите четири дена 60 луѓе ја изгубија битката со ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста