Проширувањето на ЕУ, еден од приоритетите на хрватското претседателство

Проширувањето на Европската унија со земјите од Југоисточна Европа ќе биде еден од приоритетите на хрватското претседателство. Овие земји како што истакна амбасадорката Нивес Тигањ заслужуваат европска перспектива. Хрватска според неа како најмлада членка на ЕУ може да го сподели искуството за пристапниот процес.

Вицепремиерот Османи рече дека 2019 биле година на разочарување. Убеден е дека годинава Македонија ќе ги почне преговорите за членство.

Според евроамбасадорот Жбогар новата методологија, отварњето преговори со Македонија и Албанија и самитот во Загреб ќе бидат од исклучително значење. Посочи и на домашните задачи пред распуштањето на Собранието.Предупреди дека иако кампањата за изборите официјално не е започната во општеството се чувтсвуваат тензии.

Власта е убедена во исправните политики и стратегијата за европската перспектива. Опозицијата смета дека иако се најавува дека проширувањето ќе биде високо на агендата сепак Брисел има други приоритети. Ја повика владата да не ги подига очекувањата.

Новата методологија за пристапување на Европската унија се очекува да биде готова на почетокот на Февруари.

Градимир Марковски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста