Пропаѓа планот за ротација на педијатри во Охрид од Струга оти ни таму нема доволно

Пропаѓа планот недостатокот на педијатри во охридската општа боница да се покрива со ротирање на кадри од други градови.Поради ограничениот број на доктори, на ова не може да одговори ниту болницата во соседна Струга каде на детското одделение дневно се извршуваат и по 100 прегледи,посебно за викендите.

Сега ако превземаме 24 часовна смена во Охрид, нема да можеме одморени да дојдеме утре за нашите обврски.Ние сме 6 доктори,но покриваме и неонатолошко одделение.Така да таа опција за трансфер на наши доктори во Охрид мислам дека нема да може моментално – вели д-р Вулнет Бектеши педијатар-неонатолог.

На детското одделение има 18 кревети и дополнителни 7 во дневната болница, каде најчесто им се дава терапија на дечињата,но ако бројот на болни се зголеми во овие критични месеци и се наметне потреба од болничко лекување, капацитетот на одделението нема да биде доволен нити за пациентите до Струга и струшко,велат докторите,потенцирајќо дека секогаш вратите на болницата се отворени за сите болни дечиња. Инаку само вчера во вечерните часови 3 дечиња од Охрид дошле на преглед во Струга.

Началаникот на детското од охридската општа болница доктор Орхан Зекир, загрижен,вели ако не се најде решение,ќе мора одделението целосно да се затвори и Охрид да остане без педијатрија, што би било катастрофално.

Рачунајте Вие по 60, 70 прегледи да имаш во еден ден, попушта концентрација.Тебе не ти е страв од тоа дали ќе си уморен,страв ти е да не направиш грешка,ради тебе да не остане некое дете оштетено, или некое семејство остане без своето дете.Јас како началник на детско одделение сум презагрижен, затоа што во се’ ова што и понатака ќе се прави, наредните години ќе биде едно прикрпување затоа што ние имаме два специјализанти кои што во најдобар случај ќе дојдат за свои 4 до 5 години, а до тогаш ? – вели Орхан Зекир – педијатар.

И додека докторите велат дека за минимално функционирање на 24 часовна служба се потребни најмалку 5 педијатри, бидејќи годишно се вршат над 3000 прегледи, од министерството за здравство велат дека и во најбрзо време ќе обезбеделе уште двајца педијатри. Додаваат дека прегледот и пружањето здравствена грижа на деца во охридската општа болница се одвива непречено, во прва и втора смена. Дополнителна поддршка на болницата за лекување на деца е болницата во Струга.

Ова предизвика реакции кај охриѓани, бидејќи како што велат не секој има услови и можност да ги рашетува болните деца во ситните саати во други градови.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста