Производителите на ориз во маки, откупот оди тешко, субвенции нема

Како да се обезбедат пари за новата сеидба, е најгорливиот проблем со кој во моментот се соочуваат  оризопроизводителите. Сеидбата ќе стартува за околу два месеци, а речиси повеќе од полoвина од ланската реколта остана непродадена. 72годишната Смиљана Цекова од кочанско Чешиново, секој петок е на градскиот пазар во Штип. Вели само овде може реално да си ја наплати земјоделската мака. Нејзиниот ориз од сортата „Сан Андреа„ на пазар чини 70, а кај откупувачите  40денари. 

Целосно е подобро да го продадеме, ова вака за да преживееме. КОга ќе чекаш кило, по кило…Секој сака да си купи, но луѓето немаат пари. Да го однесеме и да го продадеме на цело, тогаш ќе си завршиме работа. Имаме многу давачки и не можеш крај со крај да заврзеш„-изјави Смиљана Цекова.

Дополнителен удар за оризопроизводителте е доцнењето со исплата на субвенциите, за кои  ресорниот министер претходно им вети дека ќе им ги исплатат  до 31декември

„Ориз имаме ама немаме цена. Субвенции се уште немаме земено. …тешко,многу тешко за земјоделецот . Еве од досегашната помош од државата нема ништо за земјоделецот„-изјави Цекова. .

Од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводителите категорични, доколку субвенциите не им се исплатат  до 15февруари, ќе бидат принудени на секојдневни блокади и протести на регионалниот пат Штип-Кочани.

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста