Професори: Царовска да го повлече новиот концепт за образование и да се направи нов, темелно и транспарентно

Не стивнуваат реакциите кај професорите и експертите од научната фела по вчерашната јавна расправа во Собранието за новата концепција за основно образование. Наместо по расправата да се најде решение се повеќе се продлабочија јазовите меѓу промоторите на реформите и дел од професорите.

Професорката Весна Јаневска вели оваа концепција мора да се повлече и да се направи нова, но овој пат на транспарентен начин, со подготовка и вклученост на сите експерти во областа на образованието.

Апелите на повеќето универзитетски професори беа предложената концепција да се повлече и да се креира нова на соодветен и транспарентен начин со учество на сите релевантни институции од образовниот систем во Македонија, а не само претставници од невладиниот сектор и избрани политички подобни поединци-рече Јаневска.

И универзитетскиот професор Владимир Божиновски реагира за концепцијата, вели таа не ужива доверба ниту кај родителите ни кај учениците, истакна дека Царовска за оваа реформа поддршка добива само од тимот кој ја подготвил истата.

Ниту еден не излезе да ја поддржи оваа реформа затоа што од старт се виде дека реформата е во комплетно под притисок, набрзина напревена, склопени некои концепти кои што не се доволно јасни. Значи ова не е реформа која што е планирана. Дали е сега како што некој тврди по налог на Заев Царовска треба да тргне историјата заради, нели таа сумбистиност позната и виткање кичма кон Бугарите. Дали е поради тоа што некој тврди не сакам да шпекулирам. Но вака избрзана реформа која што неможе да донесе ништо, од каков сакате аспект ние можеме да анализираме, ќе придонесе само за нови кризи во самиот образовен процес-вели професорот Божиновски.

По бурните реакции на јавноста за концепцијата, особено оти предметот историја се укинува како посебен и се интегрира во предметот Општествени науки, власта се обиде да ја смири топката, сега предметот ќе се викал историја и општествени науки. Дел од професорите велат дека ваквото ретерирање на тимот на Царовска е само манипулација. Власта тврди реформите се современи и исправни, но останува отворено прашањето зошто ниту еден поранешен министер за образование дури и од редовите на СДСМ не даде јавно поддршка на новиот концепт, реакција нема ниту Рената Десковска.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста